ИСТОРИЈАТ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

BANER JZU ZELEZARA W

 

Здравствена станица Железара - Скопје е формирана во 1967 година, како дел од комплекот Рудници и Железарница „Скопје“. Со трансформација на опшествениот капитал, здравствената станица се издвојува како посебен правен субјект во 1993 година, кога Владата на Република Македонија ги превзема основачките права од Рудници и Железарница и таа станува дел од јавниот здравствен сектор, со цел назив ЈЗУ Здравтвена станица Железара-Скопје.

ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара – Скопје, денес претставува значаен сегмент од здравствениот систем, која обезбедува здравствени услуги на примарно и секундарно ниво на здравствена заштита.

На примарно ниво се обезбедува здравствена заштита на населението, на вработени и пензионери, со матични доктори од општа медицина, стоматологија и гинекологија, кои со трансформацијата на примарната здравствена заштита работат како концесионери во установата.

На секундарно ниво ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара – Скопје, обезбедува специјалистичко консултативна здравствена заштита која се извршува на високо професионално и стручно ниво. Таа овозможува здравствена заштита и унапредување на здравјето, навремено лекување, континуирано следење на здравствената состојба на населението.

 

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација